ОФИЦИЈАЛНО: Гвардиола останува во Сити до 2027 година!

November 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Гвардиола останува во Сити до 2027 година!

Гвардиола ќе остане тренер на Манчестер Сити до јуни 2027 година откако денеска и официјално го потпиша новиот договор. Ова значи дека тој ќе помине во клубот повеќе од 10 години откако пристигна во 2016 година. „Манчестер Сити ми значи многу. Ова е моја девета сезона, доживеавме многу добри моменти заедно. Имам посебно чувство за овој клуб и поради тоа сум среќен што ќе останам уште две години. Се надевам дека ќе освоиме уште трофеи“, рече Гвардиола. Тој освои 18 трофеи во Сити од кои 6 беа во Премиер лигата, а под неговото водство клубот ја освои и првата Лига на шампиони во 2023 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.