Левандовски: Сѐ уште не разбирам зошто не ја освоив „Златната топка“

November 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Левандовски: Сѐ уште не разбирам зошто не ја освоив „Златната топка“

На Левандовски сѐ уште не му е јасно зошто не ја доби „Златната топка“ за 2020 година. Поради пандемијата, „France Football“ реши да ја откаже наградата. „Тогаш не разбрав зошто не ми ја доделија наградата и сѐ уште не разбирам. Сите првенства се играа, Лигата на шампионите се играше, и затоа си го поставував прашањето ‘зошто?’. Знам дека понекогаш фудбалот функционира како политиката. Бидејќи кога си во фудбалот, имаш бизнис, а ако имаш бизнис, тогаш си во политиката“, изјави Левандовски. Тој воедно беше запрашан дали сега после четири години би ја прифатил „Златната топка“, тој кратко рече: „Секако“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.