June 13, 2024 | | Свет
Албанската фудбалска репрезентација е пред голем тест, како ќе одиграат во нивното второ учество на Европското првенство во историјата. Се највува дека околу 50 илјади навивачи од Албанија ќе бидат во Германија за да ги подржат. Но, се најавува огромна поддршка и од пратениците од Албанија. Имено, во парламентот во Албанија седница се презакажала порано за пратениците да имаат време да се спремаат и да заминат во Германија за поддршка на нивната селекција. Тие дури и ќе останат во Германија и за следните два меча, против Хрватска на 19 и Шпанија на 24 јуни. Тоа значи дека тој период нема да се одржуваат седници во парламентот поради што Албанија две недели ќе биде речиси парализирана на политички план. Иако поддршката за селекцијата на Албанија е секако важна, можеби има и поважни причини од тоа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |