Никогаш полош Сити: Примија ЧЕТИРИ гола од Тотенхем на Етихад! (ВИДЕО)

November 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Никогаш полош Сити: Примија ЧЕТИРИ гола од Тотенхем на Етихад! (ВИДЕО)

Манчестер Сити претрпе тежок пораз од Тотенхем со 0-4 на „Етихад“. Домаќините добро го започнаа натпреварот и држеа контрола, но откако не ги искористија шансите кои ги имаа, тимот од Лондон стапи на сцена. Најпрво во 13. минута Кулушевски прекрасно му намести на Медисон кој се уфрли од втор план, а седум минути подоцна една одлична акција на гостите кои ја одзедоа топката на половината на Сити и Сон прекрасно го пронајде Медисон. Во вториот дел потврдата ја потврди Педро Поро со гол во 53. минута, но тоа не беше се бидејќи Тотенхем постигна уште еден гол и тоа во 93. минута каде стрелец беше Бренан Џонсон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.