Милан и Јувентус одиграа здодевно дерби кое заврши без голови

November 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан и Јувентус одиграа здодевно дерби кое заврши без голови

Во дерби на колото во Серија А Милан и Јувентус одиграа без голови во едно дерби за заборав. Се очекуваше многу повеќе од овој натпревар, но очигледно и двата тима беа задоволни со по еден бод. Тренерите буквално ги поставија фудбалерите за да не го загубат натпреварот, а со тоа гледачите на Сан Сиро не видоа ама баш ништо. Јувентус сега е на шестото место со 25 бода, Милан е седми со 19, но има и натпревар помалку.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.