November 24, 2024 | | Свет
Никогаш претходно Пеп Гвардиола во својата тренерска кариера нема доживеано пет порази по ред. По ужасниот настап против Тотенхем, Гвардиола верува дека тимот може да се дигне и да ги поправи грешките. „Моментално сме премногу ранливи и не се браниме како што треба. Натпреварот го започнавме добро, но не успеавме да реализираме шанси, а потоа примивме гол што ја направи ситуацијата потешка. Како играч сум бил во вакви околности, но не и како тренер. Ги загубив првите три натпревари со Барселона, но знам дека единствениот начин е да продолжиме да се бориме. Во изминатите осум години постигнувавме конзистентни резултати, и не е време за радикални промени. Фудбалот е полн со предизвици, и некогаш мора да се помине низ вакви тежок период. Наместо обвинувања, треба да останеме единствени и да направиме сè што е потребно. „Тотенхем поведе од првиот налет, потоа беше тешко да се вратиме. Не ги издржавме дуелите и имаме проблем. Бајките во спортот не постојат, а ниту во животот. Мора да се мине некогаш и во вакви ситуации. Нема да побегнам од Сити, мора да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Не постои тим што може да се држи на највисоко ниво и осум, девет, десет години да реди константно успеси“, изјави Гвардиола. Тој додаде и дека не би се откажал и дека ќе се обиде да најде решение. „Дали би се откажал? Апсолутно не. Повеќе од кога било сум подготвен да се борам. Само преку исправување по падот можеме да покажеме кои сме. Не знам како ќе се одвива сезоната понатаму, но никогаш не престанав да верувам во моите играчи. Нема тим кој осум или девет години постојано победува. Ситуацијата е тешка, но ќе ја анализираме и ќе направиме сè што е потребно за следниот натпревар“, објасни Пеп.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |