Чоло Симеоне заплака на сред интервју и веднаш замина! (ВИДЕО)

November 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Чоло Симеоне заплака на сред интервју и веднаш замина! (ВИДЕО)

Диего Симеоне вчера по 700-ти пат седна на клупата на Атлетико Мадрид во натпревар во кој издвоија тешка победа од 2-1 против Алавес. По натпреварот, тој даде интерју во кое ги пушти солзите и ги покажа емоциите и љубовта спрема клубот. Аргентинецот зборуваше пред камерите, па откако не успеа да ги сопре солзите, реши да замине. „Смирен сум... Не знам што да кажам за овој јубилеј. Го сакам ова место, овој клуб, овој град. Ова место сум јас... Ништо. Здраво“, рече Симеоне низ солзи. Интересно е што играч на натпреварот беше неговиот син Џулиано, па слободно може да се каже дека ова беше посебна ноќ за Симеоне. Аргентинецот дојде во Атлетико во 2011 година и досега  има учинок од 412 победи, 156 нерешени резултати и 131 пораз. Под негово водство, клубот двапати ја освои Ла Лига и Лигата на Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.