November 24, 2024 | | Свет
Ливерпул со пресврт дојде до победа на гостувањето кај Саутемптон каде конечниот резултат е 2-3. Собослај го отвори резултатот по 30 минути игра. Саутемптон успеа да израмни до крајот на полувремето. Досуден беше пенал, шутот на Армстронг го одбрани Келер, но топката повторно се одби до домашниот фудблаер кој од втор обид постигна гол за 1:1. Во продолжението по одлична контра Фернандес погоди за предност на Саутемптон. Потоа, на сцена стапи одличниот Мохамед Салах кој најпрво во 65. минута го врати Ливерпул во игра, а во 83. минута од пенал следуваше комплетен пресврт. Ливерпул сега има осум бода предност во однос на Манчестер Сити пред дербито следниот викенд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |