Шкендија го победи Пелистер среде Битола! (ВИДЕО)

November 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија го победи Пелистер среде Битола! (ВИДЕО)

Шкендија ја освои битката во Битола, со минимални 0-1 против Пелистер, израмнувајќи се на врвот на табелата со Силекс и Гостивар, кои исто така имаат по 30 бода. Единствениот гол, кој се покажа како клучен за трите бода, беше дело на Флорент Рамадани во 36. минута. По 15. коло, ситуацијата на табелата е поразлична од секакви претходни моменти – три екипи, Шкендија, Гостивар и Силекс, се израмнети со 30 бода и идентична гол-разлика од +15. Единствено бројот на постигнати голови ќе ги решава редоследот и пласманот. Работнички, со 28 бода, се наоѓа на четвртата позиција, додека актуелниот шампион Струга има 26 бода и зафаќа петта позиција. Токму овие пет екипи ќе водат жестока битка за титулата и ќе имаат можност за настап во европските натпреварувања.

Standings provided by Sofascore

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.