Лесен триумф на Реал Мадрид против Леганес со кој се доближија до Барселона (ВИДЕО)

November 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лесен триумф на Реал Мадрид против Леганес со кој се доближија до Барселона (ВИДЕО)

Реал Мадрид убедливо славеше на гостувањето кај Леганес со 3-0. „Кралевите“ поведоа со голот на Мбапе во 43. минута на асистенција на Винисиус Жуниор. Во вториот дел Валверде ја дуплираше предноста и му намести Гулер. Третиот гол беше дело на Џуд Белингем кој стрелаше и минатото коло против Осасуна. Во наредното коло Реал ќе го дочека Хетафе, а со оваа победа имаат четири бода помалку од Барселона, но и натпревар помалку.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.