November 25, 2024 | | Свет
Мохамед Салах има неверојатна сезона во дресот на Ливерпул каде во Премиер лигата има 10 гола и шест асистенции на 12 одиграни натпревари. Тој реши повторно да зборува за неговата ситуацијата со договорот кој му истекува во јуни 2025 година. Тој отворено призна дека Ливерпул сè уште му нема понудено нов договор. „Скоро сме декември месец, а јас немам примено никаква понуда за нов договор од клубот. Најверојатно повеќе сум надвор отколку внатре во моментов. Јас сум во клубот многу години, не е во мои раце. Јас ги сакам фановите, и тие мене, но не е во наши раци. Разочаран сум бидејќи нема понуда. Скоро нема да заминам во пензија. Фокусиран сум на сезоната и се обидувам да ја освојам Премиер лигата, можеби и Лигата на шампиони“, изјави Салах.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |