Лоши вести за Реал пред дуелот со Ливерпул: Се повреди Винисиус!

November 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лоши вести за Реал пред дуелот со Ливерпул: Се повреди Винисиус!

Винисиус Жуниор заработи повреда на мускулот поради што ќе отсуствува околу три недели. Ова значи дека ќе го пропушти дуелот со Ливерпул во среда. Од клубот се надеваат дека Бразилецот ќе биде спремен за Интерконтитенталниот Куп на 18. декември во Доха, но тој би можел да се врати и порано. Реал Мадрид синоќа со 0-3 славеше на гостувањето кај Леганес, а сега „кралевите“ се исправени пред огромен предизвик - гостување кај Ливерпул. Toj ќе пропушти најмалку шест натпревари и тоа соочувањата со Ливерпул, Хетафе, Атлетик Билбао, Џирона, Аталанта и Раја Валјекано, а под знак прашалник ќе биде за пресметката со Севилја. „Луд календар. Ќе закрепнам“, напиша Вини Жуниор на социјалните мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.