November 25, 2024 | | Свет
Со новиот договор, Пеп Гвардиола ќе остане во Манчестер Сити цели десет години. И покрај лошите резултати, не постојат шанси во моментов Гвардиола да добие отказ. Но, тимот ќе мора да претрпе сериозни промени, а според Гери Невил, ветувањата дека ќе добие нови засилувања е една од причините поради која тој останал. „Ако Сити ја освои титулата во Премиер лигата, тоа ќе биде најголемата премиерлигашка титула освоена од Гвардиола. Поради сè што досега сме виделе. Сигурно ќе бидат активни во јануари и ќе доведат играч за средниот ред, тоа е приоритет. Но, за да го натераат Пеп повторно да остане, веројатно му ветиле одличен договор, но и реинвестирање следното лето, што ќе биде доста спектакуларно, како и реконструкција на тимот.“ Мислам дека ќе чекаат на тоа. Не очекувам да видиме два, три или четири засилувања во јануари, можеби само едно, но за да се реши проблемот со средниот ред“, вели Невил.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |