Перез: Нашата академија е најдобра во светот!

November 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Перез: Нашата академија е најдобра во светот!

Спротивно на пофалбите во јавноста за академијата на Барселона која секои три дена игра со тинејџери во својот состав, претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез смета дека нивната академија е најдобра во светот. „Академијата на Реал Мадрид е најдобрата во светот. Во моментов има 191 фудбалер на Реал Мадрид во про лигите, 51 во првата дивизија, 56 во втората дивизија и 84 во странските лиги. Академијата на Реал Мадрид е најпродуктивна оваа година“, изјави Перез.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.