„Салах е себичен, ме разочара“

November 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Салах е себичен, ме разочара“

Салах игра одлична сезона во Ливерпул, а по победата над Саутемптон каде постигна два гола ги загрижи фановите изјавувајќи дека во моментов од клубот му немаат понудено нов договор и дека повеќе е надвор отколку внатре во клубот моментално. Ваквата изјава наиде на критика кај легендата на Ливерпул Џејми Карагер кој на кого му пречеше себичноста на Салах. „Секако дека имаше разговори. Во овој момент, јасно е дека постојат јасни разлики помеѓу тоа што мисли клубот и што размислуваат Салах и неговиот агент за тоа колку долго треба да трае тој нов договор. Значи, причината зошто Ливерпул досега не излезе со понуда е затоа што Салах би ја одбил понудата. Тие преговараат и навистина се надевам дека ќе најдат заеднички јазик. Јас сум многу разочаран од Салах. Тие играат против Реал Мадрид и Манчестер Сити оваа недела, тоа треба да биде важно за Ливерпул. Важно за клубот е освојувањето на Премиер лигата, а не договорите на Арнолд, Салах или Ван Дајк“, рече Карагер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.