Миовски: Среќен сум за првите голови во Ла Лига, секој ден работам да бидам подобар

November 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Миовски: Среќен сум за првите голови во Ла Лига, секој ден работам да бидам подобар

Откако викендов ги постигна првите два гола во Ла Лига, Бојан Миовски се надева дека ќе ја продолжи серијата на голови која почна преку Купот на Шпанија, па Лигата на нации и Ла Лига. „Секој ден се обидувам да напредувам. Знам со каков квалитет располагам. Постигнав голови во купот, па со мојот национален тим и потоа против Еспањол. Многу сум среќен за моите први голови во лигата и исто така што беа на нашиот стадион каде се надевам дека ќе постигнам уште многу. Се надевам дека головите ќе ми дадат дополнителна сила. „Сега сум повеќе поврзан со соиграчите. Фокусиран сум да им помагам на моите соиграчи и сите тие ми помагаат на мене за да ја прикажам мојата најдобра верзија“, вели Миовски. Неговата Жирона ќе гостува утре кај Штурм Грац од 18.45 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.