ЛШ денес: Реал на жешкиот „Енфилд“, ќе настапат Миовски и Ристовски

November 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

ЛШ денес: Реал на жешкиот „Енфилд“, ќе настапат Миовски и Ристовски

Денеска на програмата е втората вечер од петтото коло во Лигата на шампиони каде ќе се одиграат нови девет натпревари. Со почеток од 18:45 часот ќе се одиграат два дуели, Црвена Ѕвезда против Штутгарт и Штурм Граз на мегдан со Жирона. И денеска се очекува нашиот Бојан Миовски да добие минутажа по двата гола во Ла Лига против Еспањол каде се очекува да влезе со голема самодоверба во овој дуел. Внимание привлекува и дуелот Бирмингем меѓу екипите на Астон Вила и Јувентус. Покрај Миовски, ќе заигра и Стефан Ристовски кој со неговиот Динамо Загреб ќе го пречека Дортмунд. Сепак, натпреварот на денот се игра во Ливерпул каде тимот на Арне Слот ќе го дочека ранетиот Реал Мадрид кој ќе настапи без Винисиус, Алаба, Карвахал, Милитао и Родриго поради повреди. Денешните натпревари: Црвена звезда - Штугарт Штурм - Жирона Астон Вила - Јувентус Болоња - Лил Селтик - Клуб Бриж Динамо - Борусија Дортмунд Ливерпул - Реал Мадрид Монако - Бенфика ПСВ - Шахтар

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.