Судијата Дејвид Кут негира дека намерно му покажал жолт картон на Алиоски!

November 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата Дејвид Кут негира дека намерно му покажал жолт картон на Алиоски!

Фудбалската асоцијација ги истражува наводите дека судијата Дејвид Кут договорил намерно давање жолт картон. Наводите се фокусираат на размена на пораки, а конкретно ова обвинуваање е за натпреварот кој Кут го судел Чемпионшип помеѓу Лидс и Вест Бром во октомври 2019 година, во кој тој му даде жолт картон на дефанзивецот на Лидс, Езгјан Алиоски. „The Sun“ вели дека пораките биле помеѓу Куте и пријател. Кут испратил порака по натпреварот во која вели: „Каков ден вчера. Се надевам дека го направи тоа како што беше договорено“. Кут негираше дека сторил нешто лошо. Тој беше суспендиран откако на социјалните мрежи се појави видео во кое ги навредува Ливерпул и Јирген Клоп. Два дена подоцна, се појави нова снимка на која тој наводно шмрка кокаин. Како одговор на обвинувањата за жолт картон, Кут рече: „Силно ги побивам овие лажни и клеветнички наводи. Без оглед на проблемите што ги имав во мојот личен живот, тие никогаш не влијаеле на моето одлучување на теренот. Отсекогаш сум го држел интегритетот на играта во најголема мера, судејќи ги натпреварите непристрасно и најдобро што можам“, изјави Кут.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.