Елмас: Храната на мајка ми е најубава на светот, ништо не може да ја замени!

November 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Елмас: Храната на мајка ми е најубава на светот, ништо не може да ја замени!

Македонскиот репрезентативец и звезда на бундеслигашот Лајпциг, Елиф Елмас, ја сподели својата приказна за секојдневниот живот, фудбалските ритуали и љубовта која ја има кон слатките, особено во омилената семејна слаткарница. И покрај тоа што е еден од најпознатите и најуспешните македонски фудбалери, Елмас останува скромен и отворен за разговор, сакајќи да ја прикаже својата лична страна - како на теренот, така и надвор од него. Во интервјуто кое се одржа во „Мандарина“, неговата омилена слаткарница, каде што често ги вкусува најдобрите десерти и поминува време со своите најблиски, Елмас открива интересни детали од својот живот. Овој локал не е само место за уживање во слатки, туку и симбол на неговото детство, бидејќи тука ги поминувал првите работни денови, помагајќи му на татко му. „Мојот ден започнува рано,“ вели Елмас. „Во клубот појадуваме заедно со тимот во кантината, подготвувајќи се за тренингот кој следува. Нема време за одмор, бидејќи по тренингот веднаш следува масажна терапија и сауна – тоа е дел од мојата рутина за регенерација. Телото бара грижа и внимание, а ова се есенцијални делови од мојот процес за да останам во врвна форма.“ Неговата љубов кон слатките останува неизменета, а „Мандарина“ е местото каде што се чувствува дома. „Тука имам прекрасни спомени, тука растев и развивав својот вкус за добар десерт,“ додава Елмас со насмевка. За него, слатките не се само задоволство, туку и начин на релаксација и уживање во моментите на слобода, далеку од интензивниот фудбалски ритам. „Деновите ми се скоро идентични, без големи промени. Можеби звучи здодевно, но таков е животот на речиси секој професионален фудбалер“, вели Елмас. Елиф признава дека Лајпциг е мал, убав град, но поразличен од Скопје. „Лајпциг е совршен за фамилии, но бидејќи сум сам, понекогаш знае да биде досадно. Сепак, се снаоѓам“, дополнува тој. Неговите омилени десерти се трилече, еклери и тулумби. Најомилен му е моментот кога ќе се врати дома и ќе го дочека топол оброк од мајка му. „Храната на мајка ми е најубава на светот, го гарантирам тоа. Ништо не може да ја замени!“, рече Елмас. Целото интересно интервју може да го прочитате ТУКА.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.