November 28, 2024 | | Свет
Кариерата на Елиф Елмас во Лајпциг е обележана со слаба минутажа за македонскиот репрезентативец. Неговиот клуб решил да го продаде, па за да го направи тоа, решил да ја намали неговата цена. Тој добива мала минутажа од страна на тренерот Марко Розе, а барем засега не е откриена причината за тоа. Според информациите на „Bild“, раководството на клубот донело одлука неговата цена да ја намали на 15 милиони евра, иако беше ангажиран за цена од 24 милиони евра. Интерес за него има од клубови од Италија, а се споменуваат и турските гиганти Фенербахче и Галатасарај. Во моментов Елмас е повреден и за него 2024 година е завршена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |