November 28, 2024 | | Свет
Поранешниот играч на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ упати критика до Карло Анчелоти за начинот на кој го води клубот во моментов. Според него, му беше дозволено на Ливерпул да доминира и тимот заслужено претрпел пораз. „Мислам дека Карло Анчелоти веќе нема контрола над овој тим на Реал. Искрено ми беше жал за Реал додека го гледав натпреварот, екипата во ниту еден момент не размислуваше за камбек, беше целосно надиграна од првата до последната минута. Не сум оптимист… не знам каква ќе биде реакцијата, не знам дали Анчелоти е способен воопшто да ги мотивира овие играчи по толку многу разочарувачки резултати од стартот на сезонава… Имам чувство дека Карло сака сите да бидат среќни, па носи одлуки кои не се својствени за него, слуша премногу гласови кои доаѓаат однадвор, се за мир внатре во тимот“, изјави Мијатовиќ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |