Бејл го брани Мбапе: Кога е негов ден, Мбапе е најдобар играч на светот

November 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бејл го брани Мбапе: Кога е негов ден, Мбапе е најдобар играч на светот

Килијан Мбапе вчера можеби го одигра најлошиот натпревар откако потпиша за Реал Мадрид летото. Освен тоа што ништо не му одеше, промаши и пенал. Сепак, во негова одбрана застана Герет Бејл и изјави дека тој е најдобар играч во светот „кога има свој ден“. „Кога е негов ден, Мбапе е најдобар играч на светот. Само прашање на време е кога ќе се врати во форма и ќе сврти сè во своја корист. И јас сум промашувал пенали. Сите сме промашувале. Тоа е само несреќна околност“, изјави Бејл. Дефинитивно се очекуваше Мбапе да покаже повеќе вчера, најмногу поради тоа што откако потпиша за Реал не игра добро и редно време е да „кликне“, но и поради тоа што вчера играше на неговата омилена позиција во отсуство на Винисиус.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.