June 13, 2024 | | Свет
Англичаните на ова Европско првенство се сметаат за фаворити, барем според обложувалниците. Квалитетот на овој тим и тоа што немаат никогаш освоено Европско првенство се двете причини за огромниот притисок оваа селекција да се обиде да го освои турнирот. Хари Кејн кој е капитен на Англија не крие дека има голем мотив да дојде до трофејот. „За мене најголема чест е да се биде капитен на Англија, тоа е едно посебно чувство. Чест ми е што четврти пат ќе бидам капитен на едно оглемо натпреварување. Игравме полуфинале, финале, четвртфинале…сега се надевам дека ќе дојдеме до крајот. Не гледаат како фаворити и таквиот статус го обезбедивме со настапите на претходните турнири“. рече тој. Како што рече Кејн, фактот што никогаш немаат освоено Европско првенство е мотив повеќе за нив. „Сигурно дека ќе биде тешко. Јас искрено се надевам и верувам дека оваа екипа што ја имаме можеби е најдобрата на сите времиња. Тимскиот дух е извонреден. Дојдеми се да станеме шампиони“,изјави Кејн. Првиот натпревар на Европското првенство, Англија ќе го има в недела против Србија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |