November 28, 2024 | | Свет
Карло Анчелото му пружи целосна поддршка на Мбапе кој во моментов се наоѓа во очајна форма. Според него, напаѓачот има недостаток на самодоверба откако промаши пенал во поразот од 2-0 против Ливерпул. „Ова се случувало претходно во мојата кариера многу пати, кога сте напаѓач сакате да постигнете гол и да добиете малку самодоверба“, рече Анчелоти. „Постои решение за ова, тоа е тежок момент за него, ние мораме да го поддржиме и да му дадеме љубов, ќе биде подобар наскоро. Не мораме да го обвинуваме за промашен пенал, луѓето промашуваат пенали, тоа се случува често“, додаде Анчелоти. На вчерашниот натпревар Мбапе беше целосно запрен од Конор Бредли и од одбраната на Ливерпул.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |