Меси: Страв ми е од пензија

June 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси: Страв ми е од пензија

Меси во интервју за ESPN Argentina рече дека Интер Мајами ќе биде неговиот последен клуб во кариерата. Тој до 2021 година играше во Барселона кога ненадејно мораше да замине и премина во ПСЖ. Интер Мајами во моментов се први на табелата во Источната конференција, а Меси на 15 натпревари постигна 14 гола и 12 асистенции. Тој е под договор со клубот од Флорида до крајот на 2025 година. „Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам. Не сум подготвен за тоа. Дури и малку се плашам дека ќе дојде денот кога ќе треба да заминам. Да, ако ме прашате денеска каде ќе ја завршам кариерата, тоа речиси сигурно ќе биде Интер Мајами“, рече Меси. Тој летово ќе ја предводи Аргентина на уште една Копа Америка, каде се бранители на титулата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.