Флик: Денеска не беше наш ден

November 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик: Денеска не беше наш ден

Барселона претрпе шокантен пораз од Лас Палмас денес на домашен терен со 1-2 и денешниот натпревар ја продолжува низата на неубедливи настапи на тимот на Ханси Флик периодов. Ако Реал слави утре против Рајо Ваљекано и во заостанатиот дуел со Валенсија тогаш тие ќе бидат нови лидери во првенството. Тренерот Ханс Флик, после мечот рече дека неговиот тим немал свој ден. „Не одигравме баш најдобро, но морам да потенцираме дека се трудевме до крајот за да дојдеме до добар резултат. Едноставно денеска не беше наш ден. Вообичаено создаваме повеќе прилики, меѓутоа денес не ни одеше во тој дел. Исто така мораме да се браниме подобри, кога имате помалку шанси и потешко е да победите. Денес не беше проблем само во одбраната, туку во целиот тим“, изјави Флик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.