Реал рутински против Хетафе, се наближи на бод од Барса (ВИДЕО)

December 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал рутински против Хетафе, се наближи на бод од Барса (ВИДЕО)

Реал Мадрид се доближи до Барселона до врвот на Ла Лига, сега само еден бод зад вечниот ривал Барселона, а во прилог им оди и тоа што имаат еден меч помалку. На денешниот дуел против Хетафе на „Сантијаго Бернабеу“, Реал го реши натпреварот уште во првото полувреме. Џуд Белингем постигна гол од пенал, а потоа Килијан Мбапе се истакна со едно мајсторско издание од игра и со тоа го постави резултатот на 2:0. Реал беше значително супериорен во текот на целиот меч, но не успеа да ја зголеми предноста во вториот дел, иако имаа неколку добри шанси. Сега, со два тешки натпревари пред себе – против Атлетик Билбао и Џирона – „кралевите“ се подготвени да го нападнат врвот и да ја преземат лидерската позиција на табелата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.