Двата клуба од Манчестер „се тепаат“ за Ѓекереш

December 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Двата клуба од Манчестер „се тепаат“ за Ѓекереш

Виктор Ѓекереш е сензација сезонава и има неколку екипи заинтересирани за него меѓу кои и двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг. Јунајтед веќе одржал конкретни разговори со Ѓекереш за можен трансфер летото. Но, пред да може да го ангажира напаѓачот, Јунајтед ќе мора прво да продава играчи. И Манчестер Сити е активно вклучен во ангажирањето на Ѓекереш каде минатите денови биле интензивирани разговорите. Хуго Виана кој во моментов е спортски директор на неговиот клуб Спортинг и кој по завршувањето на сезоната ќе ја обавува истата функција во Манчестер Сити во моментов притиска за негов транфер во плавиот дел од Манчестер. Се претпоставува дека Ѓекереш летото ќе може да замине за сума од 70 до 80 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.