Скандал во домот на Икарди: Ванда повикала полиција да го избрка Аргентинецот!

December 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Скандал во домот на Икарди: Ванда повикала полиција да го избрка Аргентинецот!

Мауро Икарди се наоѓа во сериозна брачна криза, пренесуваат турските медиуми. Икарди е во брак со својата сонародничка, Ванда Нара, која во минатото беше и негов агент. Тоа беше период кога Ванда играше клучна улога во кариерата на Икарди, а токму благодарение на неа, Аргентинецот го напушти Интер, по жестокиот конфликт со клубот. Но, денес, односот на оваа позната двојка е во огромен пад. Ванда и Икарди се наоѓаат во ескалиран конфликт, а наводно морала да интервенира и полицијата. Како што објавија медиумите, Ванда повикала полиција во нивниот дом во Буенос Аирес и побарала да го исфрлат Икарди од домот. Таа исто така тврдела дека Икарди поседува оружје и побарала полицијата да изврши претрес на куќата. Аргентинската полиција пристигнала на местото и извршила претрес, но не пронашла ништо. За време на претресот, Икарди не бил дома и престојувал кај пријател. Овој инцидент се додава на веќе напнатата ситуација во неговиот приватен живот, кој во последно време привлекува многу внимание. Во фудбалската кариера на Икарди, освен за Интер и Галатасарај, тој играше и за ПСЖ и Сампдорија. На Интер беше капитен и постигна впечатливи 124 погодоци. Во Турција, Икарди ја продолжи својата успешна кариера, а минатата сезона постигна 33 голови за Галатасарај. Сепак, актуелната сезона не му оди како што посакувал, бидејќи се соочува со повреда и е надвор од терените. Иако на теренот не му оди лошо, неговиот приватен живот е хаос, а оваа последна криза со Ванда Нара би можела да остави траен печат на неговата кариера и живот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.