Мбапе и понатаму останува осомничен во случајот на силување во Шведска

December 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе и понатаму останува осомничен во случајот на силување во Шведска

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Килијан Мбапе, останува осомничен во случајот за силување, кој се случил во хотелот „Банк“ во Стокхолм. Според шведската обвинителка Марина Чарикова, истрагата за инцидентот продолжува. Според информациите на шведскиот медиум „Афтонбладет“, повредената девојка која го обвинува Мбапе прво побарала медицинска помош во болница, а потоа дала изјава пред полицијата. Дополнително, истрагата вклучува и сведочења од неколку неименувани жени кои имаат информации за настанот. Истрагата беше започната на 14 октомври, а самиот Мбапе, кој има 25 години, негира каква било вмешаност во инцидентот. Адвокатот на фудбалерот најави дека неговиот клиент ќе поднесе тужба за клевета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.