December 3, 2024 | | Свет
Манчестер Сити се наоѓа во катастрофална форма, откако поразот од Ливерпул на „Енфилд“ е шести за тимот на Пеп Гвардиола во последните седум натпревари во сите натпреварувања. Сити беше целосно надигран од Ливерпул, а поразот на „Енфилд“ само ја продолжува лошата серија на тимот. Она што привлекува најголемо внимание е одлуката на Гвардиола да го остави Кевин де Бруине на клупата. Белгиецот, кој е еден од најдобрите фудбалери на Сити во последните години, оваа сезона, дури и по камбекот од повредата, добива минимална минутажа, што предизвика големи прашања во јавноста. „Нешто се случува меѓу Де Бруине и Гвардиола. Не почнува натпревари, не влегува на полувреме… нешто очигледно не е во ред меѓу нив. Тажно е бидејќи говориме за еден од најдобрите тренери и еден од најдобрите играчи во Премиер-лигата. Да, Кевин имаше проблеми со повредите, но сега проблемот не е во тоа. Тој е здрав, во форма е, но не игра“, вели Џејми Карагер. Договорот на Де Бруине истекува по завршувањето на оваа сезона, а тој отворено призна дека ако би се преселил во Саудиска Арабија би заработил многу повеќе отколку што заработува сега, што значи дека понудите од таму би можеле сериозно да го привлечат.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |