December 3, 2024 | | Свет
Килијан Мбапе ја покажа својата решителност и одговори на критиките со гол против Хетафе, но исто така со своите реакции на теренот, јасно стави до знаење дека притисокот е голем врз него. Францускиот напаѓач, кој се соочува со жестока критика по неуспехот да реализира пенал против Ливерпул, повторно беше во центарот на вниманието и оваа недела. Против Хетафе, Мбапе ги покажа своите способности од игра, но на моменти изгледаше како да му недостасува самодоверба, особено кога станува збор за изведување на пенали. Во првото полувреме, му го отстапи пеналот на Џуд Белингам, верувајќи дека Англичанецот е подобар избор за изведувач, но набрзо почувствува сомнеж. Вториот пенал кој беше досуден, Мбапе не го изведе бидејќи беше поништен од ВАР. Сепак, специјализираните емисии открија дека тој на моменти се обидувал да го избегне притисокот – каде му понудил на Родриго да го изведе пеналот. Бразилецот ја прифатил понудата, но тренерот Карло Анчелоти не се согласил со оваа промена. Италијанецот јасно му укажал на Мбапе дека тој треба да го изведе пеналот, но ВАР системот ја поништи оваа одлука, па на крајот пеналот не беше изведуван.
Sa tête quand Ancelotti lui dit de remettre la balle à Mbappé...
Il me fait de la peine Rodrygopic.twitter.com/1SSwHQwkoq — 🥷🏽 (@bellyrma) December 2, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |