December 3, 2024 | | Свет
Ерик Тен Хаг во моментов е без ангажман откако Манчестер Јунајтед реши да се раздели со него и на негово место да го донесе Рубен Аморим. Очекувањата од Холанѓанецот беа огромни, но за жал тој не успеа да донесе огромна радост за „црвените ѓаволи“. Иако на почетокот беше доживуван како потенцијал за обновување на тимот, неговите методи не успеаја да го подигнат нивото на игра на „црвените ѓаволи“, што доведе до неговото заминување пред неколку недели. Со новиот тренер Аморим, Јунајтед започна да покажува знаци на напредок, а тимот сè повеќе и повеќе се ослободува од старите недостатоци, што доведе до значително подобрени перформанси од натпревар на натпревар, иако некој ќе каже дека е прерано да се носат било какви заклучоци. Што се однесува до Тен Хаг, тој ќе добие значително обештетување поради прекинувањето на соработката со Манчестер Јунајтед, но, се чини, дека тој не планира долго да чека за нова тренерска позиција. Според најновите информации, Холанѓанецот би можел наскоро да се врати на тренерската сцена и тоа во германски Лајпциг, кој се наоѓа во тешка ситуација. Лајпциг не игра во најдобра форма и моментално има серија од шест натпревари без победа, со дури пет порази. Германските медиуми веќе пишуваат дека раководството на клубот планира да го отпушти тренерот Марко Розе и дека е само прашање на време кога оваа одлука ќе биде официјализирана. Можеби Тен Хаг ќе биде човекот што ќе ја прекине кризата на Лајпциг и ќе се обиде да го врати тимот на патот на успехот.
🚨 Erik ten Hag is on RB Leipzig’s list if they decide to sack Marco Rose.
(Source: @berger_pj) pic.twitter.com/2mLJgAISe4 — Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 3, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |