Пеп одлучи: Посакува двајца играчи како замена на Родри

December 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пеп одлучи: Посакува двајца играчи како замена на Родри

Повредата на Родри, еден од клучните играчи на Манчестер Сити, го потресе тимот на Пеп Гвардиола. Без него, Сити се наоѓа во криза, со едно реми и дури шест порази во последните седум натпревари. Атмосферата во клубот е далеку од идеална, а Пеп Гвардиола се обидува да најде решение. Тој од челниците на клубот побара итно засилување на позицијата на средниот ред. Главни цели на клубот се Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Едерсон од Аталанта. Трансферот на Зубименди се проценува на околу 60 милиони евра, додека цената на Едерсон се движи околу 50 милиони евра. Според англиските медиуми, меѓу кои и „Daily Mail“, Манчестер Сити има финансиски капацитет да ги реализира двата трансфери веднаш на почетокот на зимскиот преоден рок. Отсуството на Родри само ја влошува ситуацијата во Манчестер Сити. Матео Ковачиќ, кој треба да го замени, не игра на посакуваното ниво, а дополнителен проблем е неговата повреда, која ќе го задржи надвор од теренот до почетокот на идната година. Заради конкуренцијата за местото во тимот и можноста да се засилат со нови играчи, Хрватот би можел да се најде на трансфер-листата веќе во јануари. Повредата на Родриго, кој е срж на средниот ред на Манчестер Сити, е сериозна, бидејќи неговото присуство е клучно за балансираноста и темпото на игра на тимот. Сити го изгуби својот стратешки играч, кој е познат по својата способност да контролира темпо на игра, да ја претвори одбраната во напад и да пружи поддршка во дефанзивата. Родри е неопходен во стратегијата на Гвардиола, и неговото отсуство остави голема празнина во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.