December 3, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед се соочува со огромни проблеми на левата бековска позиција, иако со новиот систем на Аморим формацијата е променета во 3-4-3 каде тој користи крило-бекови и за левата страна задолжен е Диого Дало. Аморим со нетрпение го очекуваше враќањето на Лук Шо, но денеска левиот бек соопшти нова ужасна вест. Тој потврди дека заработил нова повреда и ќе отсуствува уште неколку недели. „Боли што мора да го напишам ова, бидејќи навистина мислев дека ги надминав последните проблеми и дека бев на позитивен пат, движејќи се нанапред, но за жал ми се случи мал проблем. Поминав низ многу работи и имав многу подеми и падови, но ова дефинитивно беше мојот најтежок период. Јас сум апсолутно уништен и исклучително е тешко да се помирам со реалноста во овој момент. Разбирам дека ќе има многу фрустрирани, лути и разочарани фанови. Никој не го чувствува тоа посилно од мене во овој момент. Но, она што можам да го ветам е дека ќе направам се што можам за да се вратам побрзо, за да му помогнам на овој клуб да ги оствари своите амбиции сезонава“, напиша Шо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |