December 3, 2024 | | Свет
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска останува на ставот дека неговиот тим не е во трка за титулата во Премиер лигата иако има еднаков број бодови како второпласираниот Арсенал. Според него, утрешниот натпревар на гостински терен против Саутхемптон ќе биде најтежок од почетокот на сезоната. „Натпреварот против Саутхемптон ќе биде најтежок за нас од почетокот на сезоната. Треба да бидеме подготвени бидејќи во спротивно ќе имаме лош ден. Ако ги погледнете резултатите, тие се на последното место, но од аспект на играта, водеа против Ливерпул, загубија со 1-0 од Сити и минатиот пат израмнија против Брајтон. Ги познавам многу добро од минатата година во Чемпионшип. Се работи за многу храбра екипа која јасно знае што сака“, изјави Мареска. Тој образложи зошто Челси ќе доминира во наредните 5 до 10 години. „Да бидеш во трка за титулата е убав притисок за мене и за играчите, но тоа не е случај сега бидејќи Арсенал беа блиску до Ливерпул и Сити во последните две години, а ние не. Се надевам дека наскоро ќе бидеме таму. Добро е што сè уште го мислам тоа што им го кажав на сопствениците и на спортскиот директор првиот пат кога се сретнавме. Поради возраста и квалитетот на тимот, за мене Челзи во следните 5 до 10 години ќе биде еден од тимовите или тимот што ќе доминира во англискиот фудбал“, рече тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |