December 4, 2024 | | Свет
Пеп Гвардиола се наоѓа во незавидна ситуација во која не бил досега. Манчестер Сити не успеал да постигне победа на последните седум натпревари, од кои дури шест завршиле со порази. На последниот натпревар на „граѓаните“, кога тимот загуби од Ливерпул, Гвардиола се однесуваше поинаку од вообичаеното. Фановите на Енфилд му пееја дека ќе добие отказ следното утро, а тој им одговори на провокацијата покажувајќи шест прсти, со што укажуваше на бројот на титули кои ги има освоено. Токму оваа сцена беше коментирана на вчерашната прес-конференција, кога новинарите го прашаа Гвардиола дали не се претвора во Жозе Мурињо, кој често користеше слични гестикулации за да го истакне бројот на освоени титули. Дополнително, новинарот го потсети дека тоа бил периодот кога почнал да се приближува крајот на ерата на Мурињо во Манчестер јунајтед. На ова, Гвардиола одговори со брутален контракоментар, покажувајќи дека нема намера да се споредува со португалскиот стратег. „Има една голема разлика, тој освои три титули, јас освоив шест титули!“, вели Пеп Гвардиола. „Но да, во реакцијата сме слични. На нашите навивачи треба да им покажеме дека сме многу, многу подобри од луѓето кои пееја такви песни (навивачите на Ливерпул кои пееја „Утре ќе добиеш отказ“). „Гестот беше само за нашите навивачи да знаат дека она што го имаме направено е извонредно. Сакам да им докажам дека сме неверојатен клуб. Порано или подоцна ќе дојде крајот, но ќе се обидам што е можно подолго да носам успеси за овој клуб“, изјави Гвардиола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |