Винисиус сака да ја продолжи кариерата во С. Арабија

December 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус сака да ја продолжи кариерата во С. Арабија

Според информациите на новинарот Ромен Молина, Винисиус Жуниор сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Саудиска Арабија. Доколку дојде до ваквиот трансфер, Винисиус би можел да стане најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот. Контактите помеѓу претставниците на Бразилецот и различни саудиски субјекти биле редовни, а токму огромните примања би можеле да му го поматат умот на Винисиус. Минатото лето сериозен интерес покажа саудискиот клуб Ал-Ахли, па можеби токму овој клуб ќе биде следен за кој Винисус ќе заигра. Иако Винисиус има откупна клаузула од 1 милијарда евра, сепак се претпоставува дека Реал Мадрид би бил отворен да го продаде за сума од 250 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.