Никој нема решение за корнерите на Арсенал, падна и Јунајтед! (ВИДЕО)

December 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Никој нема решение за корнерите на Арсенал, падна и Јунајтед! (ВИДЕО)

Арсенал славеше против Манчестер Јунајтед на „Емирејтс“ со резултат 2-0 во натпревар во кој и двата гола паднаа од корнер, нешто во што „топџиите“ се убедливо најдобри. Првото полувреме беше мирно и без некои конкретни шанси, но затоа во вториот дел тимот на Артета покажа желба за победа. Уште од самиот старт се виде намерата на Аморим да изваде барем реми, но безуспешно. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Тимбер во 54. минута, додека конечните 2-0 ги постави Салиба во 73. минута. Со денешните победи на Челси и Арсенал, негативата кон Ливерпул е седум бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.