December 5, 2024 | | Свет
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ некако успеа минатото лето да ги убеди челниците на Реал Мадрид да му го продолжат договорот на уште една година, по што се очекуваше негово заминување, сепак, на него не му е доста. Модриќ сака уште една сезона во Реал и повторно го убедува „кралскиот клуб“ да му понуди каков било договор, но ќе биде многу тешко. Проблемот е што ни во Реал Мадрид не знаат да му кажат не, па му поставиле услов кој речиси и да не може да го исполни. Флорентино Перез одржа состанок со него и му беше објаснето дека Модриќ мора да ја повтори минатата сезона кога се уште доминираше на теренот, особено во Лигата на шампионите. Неговата улога е веќе значително помала и тешко е да се очекува да ги повтори истите потези со уште помала минутажа. Тој сè уште ја покажува класата повремено, сепак, не може да го следи темпото што го бараат игрите на највисоко ниво, па затоа ќе мора да размисли за напуштање на клубот ако сака да ја продолжи својата професионална кариера. Веќе се споменуваше Саудиска Арабија, што Модриќ експлицитно го одби, и покрај неговото богатство, само за да остане во Реал Мадрид.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |