December 5, 2024 | | Свет
Арсенал успеа да го совлада Манчестер Јунајтед со резултат 2-0 каде и двата гола паднаа од корнер, нешто по што „топџиите“ се особено познато. Вчерашниот пораз воедно беше прв за Рубен Аморим во Премиер лигата. „Треба повеќе да работиме. Тоа е единствениот начин. Работа, работа, напредок.Сакаме да победуваме на натпреварите и ќе се обидеме да го направиме тоа на следниот меч“. „Прекините ја променија играта. Прекините го решија победникот. Арсенал стави многу играчи околу голманот и беше речиси невозможно да се бориш за топката. Но, треба да научиме да се браниме во вакви ситуација и веќе знаеме дека треба да бидеме подобри“, изјави Аморим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |