Салах веќе го продолжил договорот со Ливерпул?

December 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах веќе го продолжил договорот со Ливерпул?

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, го продолжил својот договор со клубот. Оваа информација ја откри поранешниот египетски репрезентативец, Хејтам Фарук, преку својот профил на социјалната мрежа „Х“. Фарук, кој работи како стручен консултант за телевизијата „beiN Sport“, кој има одлични односи со Салах, што го прави неговото соопштение уште поавторитетно. „Честитки за продолжувањето на договорот со бројот што го сакате и периодот што го посакуваше“, напиша Фарук. Во овој момент, Мохамед Салах можеби е и најдобар играч во светот. Крилниот напаѓач на Ливерпул игра во извонредна форма, постигнувајќи 15 гола и 12 асистенции на 21 натпревар во тековната сезона. Последните информации се дека Салах го чека Ливерпул и е спремен да прифати дури и едногодишен договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.