Меси, Роналдо, па останатите: Најдобрите играчи во 21 век

December 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси, Роналдо, па останатите: Најдобрите играчи во 21 век

Реномираниот фудбалски портал „Goal“ објави листа на 25 најдобри фудбалери во 21 век, а на нејзиното чело се наоѓа аргентинскиот ас Лионел Меси. На второто место се наоѓа Кристијано Роналдо, додека шпанските легенди Чави и Иниеста го заземаат третото и четвртото место. На петтото место е Французинот Зинедин Зидан. Во врска со успехот на Меси, светскиот шампион од 1986 година, Хорхе Валдано го спореди Меси со другата фудбалска икона од Аргентина, Диего Марадона. Според него, разликата помеѓу нив е во тоа што додека Марадона понекогаш беше Марадона, а Меси е „Марадона секој ден“. Меси поголемиот дел од својата кариера го помина во Барселона, каде постигна 672 головина 778 натпревари. Лионел Меси Кристијано Роналдо Чави Андрес Иниеста Зинедин Зидан Роналдињо Лука Модриќ Серхио Бускетс Џанлуиџи Буфон Серхио Рамос Тиери Анри Луис Суарез Роберт Левандовски Мануел Ноер Андреа Пирло Тони Крос Франческо Тоти Самуел Ето Карим Бензема Икер Касиљас Паоло Малдини Килијан Мбапе Кака Вејн Руни Кевин Де Брујне.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.