„Секој сонува да игра за Реал, дури и фудбалерите на Барселона!“

December 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Секој сонува да игра за Реал, дури и фудбалерите на Барселона!“

Гостувањето на Рафаел Ван дер Варт во холандски подкаст предизвика вистинска бура на реакции. Со своите контрадикторни изјави, успеа да привлече внимание, а еден негов коментар особено се истакна. Според Ван дер Варт, постои едно нешто што ги поврзува сите фудбалери на светот – желбата да заиграат за Реал Мадрид. Холанѓанецот не се двоумеше да изрази свое мислење дека и најголемите ривали, како фудбалерите на Барселона тајно сакаат да бидат дел од овој славен клуб. Според него, Реал не е само клуб, туку и симбол на успех и престиж во светот на фудбалот, што го прави привлечно место за секој професионалец во овој спорт. Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е така, ама многу фудбалери сакаат повеќе да заиграат за Реал, отколку за Барселона. Секој играч на светот, па дури и тие на Барселона посакуваат да заиграат за Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа, 100%“, изјави Ван дер Варт. Ван дер Варт играше за Реал Мадрид од 2008 до 2010 година, одигра 73 натпревари, постигна 12 гола и забележа 13 асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.