Нов кикс на Барселона, Бетис се спаси во 94. минута! (ВИДЕО)

December 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов кикс на Барселона, Бетис се спаси во 94. минута! (ВИДЕО)

Бетис успеа да избори реми од 2-2 против лидерот Барселона, откако Асане Диао постигна израмнувачки гол во 94. минута, обезбедувајќи еден бод за домаќинот. Барселона двапати имаше водство на „Бенито Виљамарин“, започнувајќи со Роберт Левандовски кој во 39. минута донесе предност за „блауграна“. Сепак, Џовани Ло Селсо израмни од пенал во 69. минута. Во 83. минута, Феран Торес повторно донесе водство за Барселона, но Асане Диао не дозволи Бетис да замине без бодови, постигнувајќи гол за конечни 2-2 и спасувајќи реми за својот тим. Со тоа Бетис за првпат по 2017 година и осум последователни домашни порази на натпреварите против Барселона, успеа да остане непоразен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.