December 8, 2024 | | Свет
Тимот на Арсенал не успеа да победи на незгодното гостување кај Фулам денеска и дополнително си ја искомплицира ситуацијата во битката за Премиер лигата. Фулам поведе уште во 11. минута преку Хименез и ги подгреа надежите на домашните за успех. Арсенал израмни на 1:1 во 52. минута преку Салиба и се обидуваше до крајот да дојде до три бода. Најблиску беше во последните моменти кога Букајо Сака постигна гол, но ВАР го поништи поради офсајд. „Топџиите“ во моментов заостануваат шест бодови зад лидерот Ливерпул, кој има натпревар помалку. Лестер се врати од голема негатива против Брајтон, екипа која водеше со 0:2 на гостински терен, но не издржа до крајот во дуелот со избраниците на Руд ван Нистелрој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |