December 8, 2024 | | Свет
Челси успеа да го совлада Тотенхем со 4-3 на гостински терен во лондонското дерби во еден од најинтересните натпревари сезонава во Премиер лигата. Доминик Соланке го отвори резултатот уште во 5. минута, шест минути подоцна Кулушевски ја дуплираше предноста. Челси возврати во 17. минута преку Санчо кој прекрасно стрелаше со удар надвор од шеснаесетникот. Во вториот дел Челси покажа поголема решителност за победа и одигра многу подобро полувреме во споредба со тимот на Постекоглу. Палмер го врати Челси во 61. минута со удар од белата точка, а Енцо Фернандез во 74. минута донесе целосен пресврт за играчите на Мареска. Потврда за победата дојде во 84. минута со нов гол на Палмер, повторно од пенал. Сон во 97. минута даде мала надеж за фановите на Тотенхем дека можат да се вратат во игра, но сепак беше прекасно. Челси сега има четири бода помалку од Ливерпул кој има еден натпревар помалку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |