December 8, 2024 | | Свет
Во последните месеци, селекторот на Франција, Дидие Дешамп, се соочува со сериозни проблеми во односите со фудбалските ѕвезди, особено со Килијан Мбапе. Во октомври, Дешамп одлучи да не го повика Мбапе на националниот тим, објаснувајќи дека му бил потребен одмор, но ситуацијата се комплицираше со скандалот околу наводното силување. И кога се чинеше дека сè е во ред, Дешамп повторно ги изненади фановите и експертите, не повикувајќи го Мбапе за Лигата на нации во ноември. Ова предизвика бурни реакции, а наводно, Мбапе изјавил дека нема да игра за Франција додека Дешамп е селектор. Во одговор, Дешамп наводно изјавил дека ќе му ја одземе капитенската лента на Мбапе, што ја зголеми тензијата и создаде нови прашања околу иднината на нивната соработка. Сега Мбапе реши јавно да прозбори за односите со селекторот. „За мене Франција секогаш е најважна. Во септември побарав да одморам бидејќи не бев 100% спремен и тоа му го кажав на тренерот. Во ноември одлуката беше негова. Сакав да играм за Франција, но тој одлучи да не ме повика. Не можам да кажам зошто, не ми е дозволено да зборувам на таа тема. Ако сака тој нека каже“, изјави Мбапе.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |