Јуве нема пораз во Серија А, но го има најлошиот старт во последните 14 години

December 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јуве нема пораз во Серија А, но го има најлошиот старт во последните 14 години

Јувентус и натаму е единствениот тим во Серија А кој досега нема пораз оваа сезона, по одиграните 15 натпревари. Сепак, парадоксално, и покрај ова, е што тимот од Торино има историски лош старт на сезоната, бидејќи во изминатите 14 години само еднаш имал помалку поени по исто толку одиграни натпревари. До сега, Јувентус забележа шест победи и девет ремија, што му донесе 27 бодови и го држи на шестото место на табелата. Иако се непоразени, заостануваат седум бода зад лидерот Аталанта, што ја отсликува неефикасноста на тимот оваа сезона. Според „Gazetta dello Sport“, ова е најлошиот старт на Јувентус во последните 14 години, со освоени 27 поени по 15 натпревари. Единствено во сезоната 2021/22 тимот имал помалку поени во истото време, кога под водство на Масимилијано Алегри освоил само 24 бода по 15 натпревари, со седум победи, три ремија и пет порази. Тимот таа сезона успеа да заврши на четвртото место во Серија А со 70 бодови, но иако оваа сезона започна со лоши резултати, „бјанконерите“ се надеваат на подобрување и на враќање во борбата за италијанскиот шампионат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.