December 9, 2024 | | Свет
Тренерот на Барселона, Ханс Флик, беше многу разочаран од резултатот во ремито со Бетис минатиот викенд и не го криеше своето незадоволство од играчите. Според извештаите од шпанските медиуми, по натпреварот Флик им се обратил со остри зборови на фудбалерите во соблекувалната, нагласувајќи им дека мора да дадат максимум во секој натпревар. „Или ќе играме сто проценти, или нема да победиме“, им порачал германскиот стратег. Флик побарал од играчите да ја променат сликата на теренот што е можно побрзо и да ја подигнат нивната игра, за да избегнат падови во формата. Поради разочарувачкиот резултат, атмосферата во соблекувалната била напната, а играчите изгледале депресивно, особено кога дознале дека Реал Мадрид ја победи Жирона со 3:0, што го намали разликата на врвот на табелата. Барселона и натаму е лидер во шпанското првенство со 38 бода од 17 натпревари, но Реал Мадрид е само два бода зад нив со натпревар помалку. Исто така, Атлетико Мадрид ќе има исто бодови како Барселона ако го победат својот заостанат дуел.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |